Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?
Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж.







Comments are closed for this post.