Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ денеска излезе со реакција по најавата на СДСМ дека бара негово исклучување од партијата, изразувајќи јавно разочарување од одлуките на актуелното раководство и со констатација дека не очекувал од неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар.
-Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме, истакна тој во реакцијата.
Со порака и до актуелниот претседател Венко Филипче дека партијата имала и ќе има поголеми личности од него.
-СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, нагласи Деспотовски.







Comments are closed for this post.