Главна вест во медиумите вчера беше оставката на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон поради неговата средба со бугарскиот активист Виктор Стојанов.
Кој е Виктор Стојанов?
Виктор Стојанов е бугарски државјанин и претседател на Фондацијата „Македонија“, организација регистрирана во Софија, која во Македонија е позната по своите провокативни и асимилаторски активности. Тој тврди дека Македонците не постојат и се Бугари а македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Стојанов има активна забрана за влез во Македонија изречена во време на власта на СДСМ пред четири години поради предизвикување на омраза за време на честувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Стојанов со години отворено промовира бугарска националистичка теза дека Македонците се дел од бугарскиот народ. Тој е познат по кампањата „300 евра“ за сите што сакаат да го променат презимето на „ов“ и по кампањата во Албанија кај Македонците кои им нудеше школување во Бугарија ако станат Бугари.
Јавното обвинителство во март 2026 година поднесе кривична пријава против него за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“.







Comments are closed for this post.