На денешното судско рочиште за настаните од „27 април“ сведочеше поранешниот јавен обвинител Марко Зврлески.
Тој истакна дека се познава со обвинетиот Владимир Атанасовски и дека имале средби кога тој бил директор на Агенцијата за разузнавање, но немале средби надвор од тоа.
Други средби сме немале oсвен ако можеби сме се сретнале некаде на прием – објасни Зврлески.
Зврлевски со ова го поби сведочењето на Александар Василевски – Нинџа, кој тврдеше дека обвинителот заедно со Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски и Билјана Бришковска- Бошковска договарале казни.
Comments are closed for this post.