Обвинителката Вилма Рускоска не се сеќава дали ги погледнала снимките од безбедносните камери во домот на Бојан Јовановски алијас Боки 13, кои е логично да ја донесат истрагата чекор поблиску до одговорот „Каде се парите од рекетот?“.
Рускоска на 10 октомври 2019 поднесе обвинителен акт против Бојан Јованоски, Катица Јанева и Зоран Милески, односно ја затвори истрагата за „Рекет“ само со тројца осомничени, и покрај индициите дека во случајот се вмешани и многу повеќе лица, но и политичари кои ги нема на обвинителната клупа. После првото одржано рочиште и најавата на обвинетиот Боки 13 дека снимките од безбедносните камери од неговиот дом ќе дадат одговор каде завршила торбата Луј Витон, новинарите ја прашаа Рускоска дали ги погледнала тие снимки.
Не сум ги видела. Сега не можам точно во моментот да се сетам дали е завршено тоа вештачење или пак го нема тој период. Само стварно сега не можам точно да се сетам. Видете… И тоа… А, ха… И за Обвинителството ќе беше добро. И ќе биде добро! Доколку се утврди каде завршиле (парите од рекетот, н.з.), изјави Рускоска по првото рочиште за случајот Рекет.
Како е можно обвинителката во овој најголем случај на корупција во современа Македонија да не ги побара снимките од камерите од домот на Боки 13, или доколк ги побарала, зошто не причекала да бидат вештачени, па тогаш да ја затвори истрагата и да подигне обвинение?
Comments are closed for this post.