Ватикан, во согласност со вековната традиција, ќе го уништи прстенот на папата Франциск – познат како прстенот на рибарот – по неговата смрт на 88-годишна возраст.
Овој чин симболично го означува крајот на еден понтификат и има длабоки корени во историјата на Католичката црква.
Ритуал во ѕидовите на Ватикан
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите симболи на папските одежди, е именуван по Свети Петар, според католичката традиција, рибар и прв папа.
Низ вековите служел и како печат за официјални папски документи – познати како були.
За да се спречи фалсификување, практиката налага прстенот, заедно со официјалниот печат, да се уништи или барем да се оштети по смртта на поглаварот на Католичката црква.
Се очекува сегашниот камерленго, кардиналот Кевин Џозеф Фарел, да го изврши овој ритуал пред почетокот на конклавата, во рамките на ѕидините на Ватикан, јавува CNN.
Кога го носеше прстенот?
Папата Франциск носел рибарски прстен за време на свечените церемонии.Во секојдневниот живот, тој користел едноставен сребрен прстен од времето кога бил кардинал.
Интересно е што истиот прстен некогаш му припаѓал на надбискупот Пасквале Маки, поранешниот секретар на папата Павле VI.
Во согласност со својата скромност, папата Франциск одлучи да не прави нов прстен, туку го носеше „наследениот“.
Промени во дизајнот
Рибарскиот прстен се менувал низ вековите. Повеќето го прикажуваат Свети Петар со клучевите од Светата Столица – симбол на моментот кога му биле доверени „рајските врати“, но дизајнот не е строго пропишан.
Comments are closed for this post.