Чудна е пасијата на СДСМ да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската СДСМ.
Можеби таа пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постоечките авиокомпании. Ако ова е точно, добро е СДСМ да си провери чива била сопственоста и како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија? Каква, пак, е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ нека си проверат и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.