Во каква атмосфера Кочани ги дочекува локалните избори разговаравме со Александар Андов, носител на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во интервју за „Република“ вели дека животот во Кочани мора да продолжи и да се врати во нормала и дека во тоа мора да помогнат и политичарите и граѓаните.

Ќе се врати ли нормалниот живот во Кочани по трагедијата со пожарот ?

Најпрво би ја искористил оваа прилика да изразам сочуство до семејствата на сите починати наши дечиња нашите Ангели но и да им посакам што побрзо закрепнување на сите повредени од онаа страшна несреќа која се случи на 16.03.2025година.Полека но сигурно мораме сите заедно како граѓани  да допринесеме Кочани да се врати нормално да функционира.Јас искрено се надевсм дека  сите без разлика на политичката определба,национална или верска ќе дадеме се од себе за да нашето Кочани се врати онаму каде што беше но и да се развива во секој сегмент!.

Што можат политичарите да му понудат на Кочани во ваква состојба во која е градот?

Политичарите во овој момент треба пред се да се нормални луѓе,затоа што се избрани или ќе бидат избрани од народот и да работат исклучиво во интерес народот.Секојдневно да се помеѓу граѓаните да ги слушаат,да соживуваат со нив и од тие разговори да произлезат кокретни решенија кои ќе им помогнат на граѓаните на  начин преку кој ќе им го олеснат секојдневниот живот на секој граѓанин во Општина Кочани!

Премиерот Мицкоски пред извесно време најави проект наречен Кочани 2030 за реконструиција на кочанската болница,инфраструктурни проекти училишта….

Премиерот на Република Македонија проф.д-р.Христијан Мицковски е во секојдневна комуникација со институциите за тоа како се одвива секојдневниот живот во Општина Кочани и што е потребно за Кочани нормално функционира и постепено се развива.Затоа проектот Кочани 2030 ќе биде многу значаен за нашио град затоа што средствата ќе бидат наменети исклучиво за капитални проекти преку кои  дирекно ќе се допринесе за развојот на наше Кочани.Преку овие проекти Кочани повторно ќе живее!

Што според вас е најпотребно во Кочани? Кои ќе бидат приоритетите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ?

Како кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најпрвин ќе бидеме гласот на секој еден граѓанин,секојдневно да сме помеѓу граѓаните,во маалата,улиците,спортските сали и терени,пазарите и сл.односно бидеме она што сме и денес нивни другари,пријатели,роднини.Како  преоритети ќе ни бидат решавање на собраќајниот метеж,Животната средина и екологијата,Инфраструктурата,Иселувањето нормално Спортот и културата!

Направи ли власта доволно за повредените во пожарот и за семејствата на настраданите?

Јас можам да зборувам во мое име и да го соопштам моето мислење,метам дека Владата на Република Македонија дава максимум и дека прави се што е во нивна можност за овие семејства.Нивната тага и бока неможе да се надокнади но животот мора да продложи и најважното е дека премиерот проф.Д-р Христијан Мицковски се залага максимално да правдата за овој немил настан се спроведе во целост!

Кочани, за жал, живее во седуммесечна тага, разочараност и револт. Ќе излезат ли граѓаните на избори? Зошто треба да излезат?

.Сметам дека животот мора да продожи ,трагедијата не смее да се заборави,но како граѓани мораме сите заедно да продолжиме со развојот на Кочани со нови проекти кои ќе ги оставиме на идните грнерации,додека сите граѓани ќе осетат бенефит од овие проекти.Со масовна излезеност ќе дадст сила порака и подршака за нов почеток и нова иднина а едиствена политичка партија која што во овој момет е спремна да го спроведе ова е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.