Делегација составена од претседателот Ѓорге Иванов и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, деновиве учествуваат на 73-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Иако, се во иста делегација Жерновски се пожали дека бил игнориран од Иванов.
На својот Фејсбук профил тој укажа дека вчера во салата на Генералното собрание седеле на иста маса со Претседателот, но не размениле ниту еден збор. Иванов во четврток ќе се обрати пред ГС на ОН.
Претседателе Иванов, македонската иднина е наша заедничка одговорност. Вчера седевме заедно, еден до друг, во Генералната асамблеја на ОН во Њујорк. (Не)очекувано, не разменивме ниту еден збор. Знаеме зошто – иако седиме под исто знаме, ние имаме спротив(ставе)ни гледишта за клучното прашање што ја детерминира иднината на нашата земја, наведува Жерновски.
Во статусот додава дека пред нив стоела табла на која пишувало “Поранешна Југословенска Република Македонија”.
Тоа е вистината, Претседателе, која Вие намерно и свесно ја премолчувате. Затоа, морам јавно да Ве прашам: ова ли е името кое го браните? Ова ли е името кое сакате да ни го сочувате? И двајцата многу добро знаеме дека со бојкотиран референдум, ние за светот и во наредните децении ќе бидеме “поранешни југословени” кои чекаат пред затворените врати на ЕУ и НАТО, укажа Жерновски.
Тој го повика претседателот да размисли како ќе се обрати во ОН.
Зарем немаме сила да му покажеме на светот дека Македонија секогаш мора да настапи во ист дрес, особено надвор. Нашите граѓани, нашите деца очекуваат да им обезбедиме сигурна иднина, а тоа претставува наша заедничка одговорност, стои на фб статсусот на Жерновски.
Претседателе Иванов, македонската иднина е наша заедничка одговорност
Вчера седевме заедно, еден до друг, во…
Posted by Andrej Zernovski on Tuesday, 25 September 2018
Comments are closed for this post.