Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е синоќа во околината на Пехчево и Берово.

Земјотресот е регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, вчера во 19 часот и 29 минути, а  епицентарот се наоѓа пет километри северозапазно од Пехчево. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.7.