Со испрашување на вешти лица кои извршиле повеќе вештачења денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година.
Во судница за денешното рочиште се повикани десетина вешти лица.
Судијата Огнен Ставрев на почетокот на рочиштето објасни дека од возилото Опел Омега од претходна постапка има шест фотографии, на една од тие има клуч во бравата за стартување на моторот, додека на минатото рочиште при увидот не можеле да влезат и морало да крим техничар да го отвори.
Судот ги најде записниците со наредба за чување и преземање и најден е записник од судот на претходна постапка каде стои дека нема клуч. Ќе направиме се да се најде тој клуч за транспарентноста на процесот, рече Ставрев.
Адвокатите пред почетокот на рочиштето реагира на сведочењето на заштитениот сведок и побараа да се стави во записник дека се сомневаат во веродоатојноста на исказот.
Вештото лице Снежана Николовска, истражувала траги од земја од самото место и од возилото. Рече дека останува во целост на тоа што го кажала за вештачењето на претходна постапка.
Беше доставена земја од повеќе локации на местото на настанот. Лично земав земја од возилото Опел омега кое беше во МВР. По споредбата, анализите покажаа дека земјата од браниците и земјата земена до едно од мртвите тела се совпаѓа. Се совпаѓа по боја, гранулација и состав, рече вештото лице.
Кажа дека земјата од Вражји вир, каде било најдено возилото и земјата од Смилковско Езеро се разликувала во елементарниот состав и бојата.
Comments are closed for this post.