Мухамед Зекири, потпретседателот и пратеник на СДСМ, во интервју за „ТМ Дејли“ кое се емитува на македонски Телеграф, зборуваше за актуелната политичка состојба, како и за правата на Албанците во Македонија.

Во однос на улогата на Албанците во партијата на која припаѓа, тој рече дека ако не беа Албанците, СДСМ денес не би биле на власт.

Колку е важен Албанецот за СДСМ се покажа и на избори во 2016 година. Ако не беа Албанците, СДСМ денес немаше да биде на власт. И ова го знае целата внатрешна и надворешна јавност, рече Зекири.