– Тоа што првин треба да видиме е Владата да биде избрана во Собранието, меѓутоа јас тоа што гледам, ако не сите политички партии, тогаш повеќето од нив даваат силна поддршка на европската иднина на вашата земја, т.е. на реформите коишто треба да бидат реализирани на патот кон ЕУ. Исто така гледам голем број на политички партии коишто го поддржуваат европскиот пат на вашата земја, на реформите што ќе треба да бидат реализирани во следните неколку години, таа поддршка се разбира е многу поголема од поддршката коишто некои партии ја даваат на новата Влада, рече Жбогар.
Изрази уверување дека сепак новата Влада ќе стапи во контакт, ќе подаде рака на опозицијата, со цел, како што рече, да можат да работат заедно во реализација на стратешките интереси на земјава
Comments are closed for this post.