Македонија денеска гласаше на шестите претседателски избори по ред на кои треба да избере петтиот претседател.
Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија.
Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Но во овој момент според првичните проценки избор на претседател во прв круг е речиси невозможно.
Вториот круг треба да се одржи на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.
До 18:30 часот според последните информации кои доаѓаат од ДИК излезноста е 39,83 %.
Comments are closed for this post.