Адвокатот Тони Менкиноски денес на својот Фејсбук профил објави случаи од практиката на Европскиот судот за човекови права во Стразбур (ЕКЧП), а кои можат да се поврзат со претстојниот референдум во Македонија.
Менкиноски, кој неодамна го откажа своето полномошно за бранe клиент поврзан со настаните во Собранието на 27 април, тврдејќи дека судијката го прекршила правото на квалитетна одбрана и за тоа ја известил Дуња Мијатовиќ, комесарката за човекови права на Советот на Европа, сега повторно преку судските практики на Стразбур обрнува внимание на прекршување на индивидуалните права со референдумот за договорт со Грција.
Тој обрнува внимание дека ЕКЧП во неколку одлуки (Stjerna v. Finland, Judgement of 25 Nov. 1994, Burgharz v. Switzerland, Judgement of 22 Feb. 1994) го потврдил интересот на државите да ги уредуваат имињата на граѓаните, во случајот, да ја ограничат можноста за промена на презимето од апликантот заради остварување на јавниот интерес.
„На пример: за да обезбедат прецизна евиденција на популацијата, да ги осигураат начините на лична идентификација или за да го поврзат носителот на презимето со неговото семејство. Но, како што Судот утврдил во овие случаи, сосема е различна ситуацијата кога државата на поединецот му наметнува промена на име, што претставува повреда на правото гарантирано со членот 8 на ЕКПЧ или „приватниот живот“, објаснува Менкиноски!
Судот во Стразбур, истакнува тој, „приватноста“ ја заштитува од (…) „напади врз неговиот физички или ментален интегритет или морална или интелектуална слобода, напади врз честа и репутацијата и слични штети, употребата на личното име, идентитетот, афилијација (…)“ итн.
„ Сега што правиме? Ако земеме во предвид дека ова е и составен дел на македонското законодаство ( Согласно со Законот за имплементација на одлуките на Европскиот суд за заштита на човековите права од Стразбур , како и согласно Протокол 14 од Европската конвенција каде судските одлуки имаат задолжителна примена во националното законодавство), јасно е потенцирано дека предмет на заштита е иднтитетот согласно со член 8 или правото на приватност.
Менкиноски за Пресинг ТВ вели дека заради овие прекршувања на Конвенцијата можат да се покренат судски случаи против државата Македонија прес Судот во Стразбур и тоа заради две клучни работи – повредата на правото на приватност и на неповредливоста на сопствениот идентитет.
Comments are closed for this post.