Предмалку во Владата пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со премиерот Зоран Заев.Во фокусот на разговорите ќе биде „метлата“ која ја најави Заев но и ветингот кој го бара Амхети.
На почетокот на јуни, се очекува да се случат првите кадровски промени и реконтрукција на владата.
Ароганцијата и непотизмот ќе бидат главни критериуми во одлуката каде да замете метлата.
„Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе“, изјави утрово Заев.
Comments are closed for this post.