Aгенцијата за управување со одземен имот денеска во депото во Идризово, со претходно добиена согласност од Влада на РМ, ќе отстапи околу 20.000 парчиња текстил, обувки, детски прибори, греалки,тостери и други предмети одземени со правосилни одлуки на неколку државни институции.
Како што информираат од Агенцијата, донациите се наменети за Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за односи со верски заедници, Психијатриската болница-Скопје, Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Скопје и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола.
Comments are closed for this post.