Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време станал сопственик на уште една компанија – овој пат како основач на „Тотал Коп“. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност „товарен патен транспорт“, објави „Фактор“.
Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија „Солар Грин Енерџи“, регистрирана на истата адреса како и „Тотал Коп“.
Пред неколку години братот на Зоран Заев, Вице Заев, беше обвинет од опозицијата дека наводно негови камиони биле тајно ангажирани за сосема трета компанија за оперативните градежни работи во РЕК Битола, односно за превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Според обвинувањата, тие камиони биле во сопственост на градежната компанија „Тотал Инжинеринг Струмица“, на што Вице Заев возврати со демант.
Освен во прехранбениот сектор, за Заеви познато е дека имаат бизниси во ископот на глина, одгледувањето на канабис за медицински цели, градежниот сектор, малопродажбата и трговија.
Повеќе на „Фактор“.
Comments are closed for this post.