Единствената калкулација им е да стигнат повторно на власт за да докрадат тоа што не докрадија, а велат дека се сега новодојдени од ВМРО-ДПМНЕ и за да „штанцаат” аболиции и амнестии на бандитите и криминалците. Но, со Стево Пендаровски ќе има правда, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.
Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.
А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи, нагласи Заев.
Comments are closed for this post.