Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот урбанистички план.
– Во делот на висококатнците уште еднаш ќе напоменам дека нашето главно ветување е дека Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно ваквите мегаломанските проекти треба да бидат стратени, скротени и нормализирани. Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е важна работа и тоа е потврдено. Правото согласно Устав и Закон не може никој да го спречи, односно тој што ќе го спречи на крајот треба општината или државата да плати, а веќе имаме плаќано штети од по 6 милиони и 8.5 милиони евра од минати постапки, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој дополни дека е важно што со новиот Закон за урбанистичко планирање повеќе не е дозволено решение за паркинг надвор од парцела, што, потенцира, значи дека го скротува мегаломанството на самата градба. Истовремено, дополни, облигаторно е најмалку 20 проценти да биде зелена површина. Парцелата која што е во постапка за добивање одобрение за градба е 12.000 квадрати, а нудат 6.500 метри квадратни зелена површина. Ако некој надвор од закон тоа го спречи треба да обезбеди пари да го плати. Ние велиме тука има куќа, зграда или фабрика, а сакаме да направиме парк, ако така одлучат соодветните органи, во конкретниот случај тоа е Советот на Општина Центар, треба да обезбедат пари да го платат тоа и да го направат паркот, ако не да дадат планот да се развие, односно да ја исполни целта на постоењето, посочи Заев
Comments are closed for this post.