Чесниот пристап што имаме кон парите на граѓаните ќе резултираат со големо покачување на пензиите, истакна претседателот Зоран Заев одговорајќи на прашање на граѓаните на денешната трибина во Штип.
– Во овие две години не се одлучивме да ги зголемуваме пензиите популистички пред избори, туку ги зголемуваме согласно закон.Чесниот пристап што го имаме ни наложува прво да го стабилизираме Фондот, без при тоа оштетени да бидат идните пензионери. Фондот сега се стабилизира и најавувам, овде во Штип, во 2020 ќе следи покачување на пензиите какво што досега не е видено. Чесните политики ќе ни донесат сериозно зголемување на пензиите, а нема да биде оштетен Фондот или идните пензионери, рече претседателот Заев
Comments are closed for this post.