Резултатите од првиот круг на претседателските избори за власта се јасна порака од граѓаните за незадоволство од нејзината работа и причина за промени по завршувањето на вториот изборен круг.
Според премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со изборните резултати на нивниот кандидат Стево Пендаровски граѓаните упатиле порака за незадоволство од функционерите најавувајќи дека ќе следи „чистка“.
Пораката е дека има незадоволство од функционери, од централната, од локалната власт. Им возвраќам, ќе има чистка, секако дека ќе има чистка. После изборите ќе се случат промените. Редот е да ја испратам мојата порака до тие што останаа дома, државата ни е во прашање. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата поради локалната или централната власт, порача Заев на синоќешниот митинг во општина Карпош.
Comments are closed for this post.