Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата Зорица, по повод празникот Божиќ ги посети штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.
Премиерот Заев, на штитениците им пренесе порака за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.
Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев во разговорот со нив потенцирал дека грижата и поддршката од инстиуциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата, a унапредување на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.
Comments are closed for this post.