СДСМ и Зоран Заев се синоним за економска катастрофа и цунами, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Спирала која што црната економска тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев ја отворија беше спиралата на крах на економијата, пад на индустриското производство, пад на просечната плата, пораст на цените и трошоците на живот на граѓаните и брутално задолжување на државата. СДСМ вели дека ја укинала радиодифузната такса од 190 денари месечно, или 2.280 денари годишно, но воведе повисока акциза на нафта со која на семејствата, односно на семејствата ќе им одземе колку 10 пати повеќе радиодифузни такси, односно од 20 до 22 илјади денари годишно. СДСМ вели дека вовела евтина струја од 14 до 16 часот секој работен ден која ќе им заштеди на домаќинствата од 80 до 100 денари месечно или годишно околу 1.000 денари, но со воведувањето на повисока акциза за нафта на годишно ниво ќе им одземе 20 пати повеќе, односно најмалку 20 илјади денари на секое семејство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека граѓаните живеат се полошо и полошо.
Заев ветуваше живот донесе сиромаштија и беда. СДСМ го заборави народот. Граѓаните тонат во беда, а животот кој толку надежно го најавуваа дојде само за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои влегуваат во милионски бизниси и зделки. СДСМ и Заев ја зацрнија државата. Црнилата кои ги донесоа СДСМ и Заев ја уназадија Македонија на секое поле. Граѓаните не заслужуваат никој да си поигра со нивните судбини. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. За Македонија да оди напред СДСМ и Заев мора веднаш да си заминат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.