Премиерот Зоран Заев, заедно со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и претседателот на ДУИ и коалициски партнер во Владата, Али Ахмети, денеска беше во посета на компанијата „Еколог” од Тетово, каде оствари средба со почесниот претседател на Советодавниот одбор на компанијата, Лазим Дестани.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, било посочено дека станува збор за водечка компанија од светски ранг која обезбедува синџир на снабдување со прилагодени решенија, управување со објекти за влади, министерства за одбрана, светски хуманитарни организации и работи за клиенти од областа на енергетиката, рударството и инфраструктура. Компанијата оперира во 42 земји и ангажира повеќе од 12.000 луѓе на 150 различни локации во светот.
На средбата биле споделени информации дека компанијата има воспоставено партнерства со армиите на САД, Франција, Германија, со ЕУФОР, НАТО, и со повеќе интернационални компании како што се Шел, Флуор, КБР и др.
Премиерот Заев посочил дека со решавање на крупните политички прашања и со полноправното членство на земјата во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ, се отвораат широки можности за нови инвестиции на домашни интернационални компании како што е Еколог, за која рече дека е успешен пример на домашна компанија која оперира во светски рамки и тоа претставува гордост за нашата земја.
Во рамки на посетата на компанијата, премиерот Заев направил обиколка и се информирал со нејзините редовни активности.
Исто така биле споделени информации за можности за нови приватни инвестиции на компанијата Еколог во Република Северна Македонија
Comments are closed for this post.