Премиерот Зоран Заев смета дека е неправда што во минатото некои политички партии освоиле голем број на гласови а не успеале да освојат ниту едено пратеничко место.Затоа, објаснува премиерот е потребно промена на изборниот модел со консензус.

Се случуваше политички партии или листи да имаат 30.000 – 40.000 гласови, а ниту еден пратеник да не добијат. Ние се залагаме да се максимилизираат тие гласови преку една изборна единица, иако СДСМ веројатно како најдобростоечка партија најмногу би изгубила, па второстоечката партија, па третата… Но, добива демократијата и добиваат нашите граѓани. Една изборна единица со 120 имиња на листата и отворени листи никаде не се спроведува. Или една изборна единица или отворени листа. Ние подржуваме и ги охрабрувам сите партии да направиме еден чекор кон демократизација на изборниот процес – рече премиерот Заев.