Анкетниот лист на премиерот во заминување дава одговор на неговото однесување во последно време и нервозата која ја манифестира.
Од јавно достапниот документ може да се види што поседуваат Зоран, Зорица и двете деца но но не и што поседува поширокото семејство на кланот Заеви.
Па така, од личен имот, премиерот има само побарување по основ на даден заем во висина од 4.300.000 денари.
Останатиот имот, станови, куќи и банкарски депозити се на име на родителите, сопругата и децата на премиерот.
Воочливо е, на пример, дека нема наведено уметнички предмети,акции во фирми, накит, хартии од вредност, удели, обврзници… што остава простор како за сомнеж во точно пријавениот имот, така и во етичката и морална основа да се бара потекло на имотот на судиите и обвинителите.
Несразмерното зголемување на имотот на поширокото семејство Заеви е причината што тој не се изјасни за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за проверка на имот на политичари, судии, обвинители.
Мицкоски бара да се се испита потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот.
Мицкоски ги повика институциите него и неговото семејство први да ги но на иста таква проверка да подложи и Заев и неговите министри.
Дека стравот од губење на изборите и од одговорноста со која ќе мора да се соочи кај Заев е се поголема е што тој одби со амнестијата во иднина да не важи за политичари како и тоа амнестирани луѓе да бидат политичари.
За Заев не прифатливо да постои кандидат за мандатар со тоа што доколку тој загуби на изборите да се збогува со политиката без да има можност да се крие зад пратеничкиот имунитет.
Comments are closed for this post.