Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за ЈО, која траеше до раните утрински часови и не беше постигнат договор.
Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев додавајќи дека правда и правна држава мора да има и ќе има.
Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат.
Comments are closed for this post.