Фон дер Лајен се сретна со премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Радев, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и словенечкиот премиер Јанез Јанша. – Тоа беше темата. Да им се даде поттик на двете земји. За нас е многу важно да се изнајде решение, за да не се одложи процесот. Не коментираме затоа што разговорите меѓу двете страни продолжуваат, додаде Спинант.
Премиерот Зоран Заев, од своја страна, вчера изрази уверување дека може да се изнајде решение со Бугарија до крајот на декември затоа што, како што нагласи, тоа е можно, бидејќи различностите не ни се толку големи и имаме должност да отвораме иднина, а не да бидеме заглавени во минатото.
– Никогаш не сум ги видел вака настојчиви канцеларката (Ангела) Меркел и претседателот (Емануел) Макрон, да бидат прецизни, да бидат јасни, разговарајќи и со мене и со претседателот Радев, заради следниот исчекор во овој правец, рече Заев, одговарајќи вчера на новинарско прашање дали препознал искрен обид кај Меркел и Макрон за решавање на спорот со Бугарија
Comments are closed for this post.