Премиерот Зоран Заев денеска од новинарите првпат слушнал дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром бил осуден за нанесување на тешки телесни повреди.
Во делот за новинарски прашања по денешната прес-конференција на Заев, на самиот крај на Заев му беше посочено дека иако тој постојано напоменува како кандидира чесни и одговорни лица, а последните денови во јавноста излегоа документи за осудуваност на кандидатот на СДСМ за Општина Аеродром – Александар Филиповски.
Заев на ова прашање не одговори конкретно туку рече дека колку што знаел, осуден бил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, но не и Филиповски.
Документот за казната која Филиповски ја добил за нанесување на тешка телесна повреда или претепување на друго лице, беше најпрво објавен на социјалната мрежа Твитер, а потоа и од порталот „Плусинфо“.
Заев првпат слуша и за секс кампот кој ја потресе јавноста.
Comments are closed for this post.