Зоран Заев кажа провокативна изјава викендов тврдејќи дека согласно Преспанскиот договор, „македонскиот јазик“ ќе се изучува во Грција, објави денес весникот „Ефимерида“.
Весникот пишува дека Заев викендов упатил уште еден повик до опозицијата да гласа за Договорот, притоа истакнувајќи дека Македонија во изминативе 27 години не направила речиси ништо за Македонците во Грција, односно, подвлекува весникот, „тие ја нарекуваат Егејска Македонија“.
Според весникот, Заев изјавата ја дал во Собранието во обид да ја придобие на својата страна и ВМРО-ДПМНЕ која е против промена на уставното име на земјата и „создавање нова држава и нов идентитет и дека ги губи врските со „Македонците“ во соседните земји“.
Но, како што наведува „Ефимерида“, Заев објаснил дека со Преспанскиот договор „земјата останува иста, јазикот ќе биде признат од сите и Македонија ќе стане дел од сите меѓународни организации“. Тој притоа додал дека се создадени услови дури и за можноста да се учи „македонскиот јазик“ во северна Грција.
Comments are closed for this post.