Поранешниот Премиер, и претседател на СДСМ, Зоран Заев го најави поразот на престојните предвремени парламентарни избори.Toj во интервју зна телевизија Клан Македонија, на констатацијата на новинарот дека неговиот грчки колега, Ципрас ги изгубил изборите меѓу другото и поради Преспанскиот договор, Заев рече дека уште во Давос кога го постигнале, заклучиле дека политички ќе угинат.

  • Кога го постигнав договорот со Ципрас, а го постигнав во суштината уште во Давос, ние заклучивме дека веројатно политички ќе угинеме и двајцата. Зарем повредна е нашата политичка кариера и иднина од иднината на младите, на децата, на идните генерации, рече Заев во интервјуто