За премиерот Зоран Заев неприфатлива е понудата на опизицискиот лидер да се му се понудат работни групи кои би работеле на реформите до октомври.
На новинарско прашање што мисли за понудата на Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да понуди работни групи за да помогне во реформите до октомври, Заев одговори:
Што да подготви и како да помогне кога Извештајот е завршен? Сега одлулучува Европскиот совет. ЕК донесе безусловна чиста препорака“, рече Заев.
Тој додаде дека во добрата препорака е вградена и опозицијата, зашто со консензус се гласаше во парламентот.
Сепак, ќе кажам, добредојдена е секоја помош, ни требаат сите капацитети за да можеме да продолжиме да ги унапредиме условите за живот во нашата земја“, истакна премиерот.
Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на телевизија Телма истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно интегрирањето на државата во Европската Унија додавајќи дека граѓаните не треба да бидат казнети поради тоа што СДСМ и Заев не се способно и не знаат како да направат реформи.
„За нас е важно и покрај сите неуспеси на оваа влада, покрај сите недостатоци кои што се резултат на нивното функционирање изминатите две години да не бидат казнети граѓаните, да Република Македонија добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија“, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека самиот тој до органите на партијата ќе поднесе иницијатива за да ВМРО-ДПМНЕ работи со владата се со цел да се надминат нивните недостатоци на владата и Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија барем до октомври.
„Јас планирам на некои седници од Извршниот и Централниот комитет на партијата да побарам поддршка во насока на тоа да ВМРО-ДПМНЕ излезе со иницијатива заедно со Владата да работи во периодот кој што следува во насока на тоа надминување на сите пречки се со цел барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите“, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.