Да ги совладаме суетата и празното самозадоволство, и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе – вели во пораката по повод денешниот празник Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој побара прошка од народот на денот на големиот христијански празник.

Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи.

Денеска е прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла.

Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави – вели во пораката Заев.