Премиерот Зоран Заев предизвика многу недоумици со говорот што го имаше во Собранието по повод отворањето на уставните измени.Тој начна многу теми, од неопходноста да се имплементира договорот од Преспа за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и да добие покана за членство во НАТО.

Тој нагласува дека е свесен за одговорноста што ја имаат пратениците, но и дека тие мора да одлучат по сопствено убедување. Заев уште еднаш призна дека одлука на референдум немаше, но оти прашање е што потоа.

Сите знаеме дека единствениот пат за Македонија е во ЕУ и НАТО, сите знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме. Таа е во согласност со одлуката на народот кој сака членство во ЕУ и НАТО“.

Она што беше најзабележително во говорот на премиерот што тој повика на помирување за настаните од 27 април што многумина го поврзаа дека тој понуди амнестија за пратениците кои беа инволвирани во настаните.

Ајде колеги од левата страна да подадеме рака на десната страна. Одличен момент е да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27 април и настаните што се случија. Да седнеме и да го направиме тоа, јас сум подготвен. Знам дека тоа има цена и подготвен сум да ја платам, политичка е цената.