Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека слабиот одзив на гласачите на референдумот го пишманиле премиерот Зоран Заев да избрише “твит” во кој претходно 30 Септември го прогласил за нов празник.

Во 16:07 Заев на Твитер напиша “Денес е нов празник на државата и граѓаните ќе донесат јасна одлука” Откако ги виде поразителните бројки од 20 % излезност до 16 часот и гласот на незадоволство од гласачите од Теарце до Струмица и од Битола до Куманово, го избриша, напиша Милошоски.

Во 16,07 @Zoran_Zaev напиша твит “денес е нов празник на државата и граѓаните ќе донесат јасна одлука” на референдумот…

Posted by Antonio Miloshoski on Sunday, 30 September 2018