И покрај тенкото парламентарно мнозинство, Заев убедува владата е стабилна, предвремени избори вели нема да има. Наспроти анкетите кои покажуваат пад на рејтингот на СДСМ, по бугарското вето, Заев излегува со став дека сега уживале поголема доверба кај граѓаните.
Сум дал збор дека ќе има редовни избори, а зборот е збор и затоа ќе има редовни избори. Впрочем ако ги повториме изборите еве да гледаме поинаку да не биде Заев рекол дека ќе бидат редовни изборите и готово треба да бидат редовни изборите и сегашните анкети и истражувања покажуваат дека тоа нема нешто многу да промени во македонскиот парламент односно СДСМ со коалиција наместо 46 ќе има 49 пратеника, ВМРО ќе има 40, ДУИ наместо 15 ќе има 16, Алијанса ќе има 8-9…, вели првиот човек на Владата.
Comments are closed for this post.