Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии јас нема да си поднесам оставка на 3 јануари – се закани денеска премиерот во заминување, Зоран Заев.
Јас сум првиот што посакувам да ги запазиме сите процедури. Но ако се дозволи опозицијата на видлив начин веќе во Собранието да изнаоѓа начини, а има право по деловник, да ги изблoкира законите за повисоки плати и за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа се за СДСМ сериозни причини да разговараме дури и за одлагање на изборите. Јас не сакам да ги одложам изборите. Ние во петок имаме Централен одбор, на кој ќе одлучиме за новиот претседател на Владата за време на техничката влада, ќе одлучуваме за пополнување на испразнетите места, а тоа се согласно пржинската влада, односно дополнителните заменици во МВР, во МТСП и потпретседател за економски прашања. Тоа покажува дека ние сме сериозни за избори и дека тие треба да се завршат. Но нема да дозволиме интересот на која било политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање поради тоа што некој има некоја скриена агенда, која што може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на граѓаните и државата. Јас сум првиот што секој пат го почитувам дијалогот и имам намера целосно да го почитувам, но немам намера да ја поднесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси. Без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки – најави премиерот во заминување.
Comments are closed for this post.