Премиерот Зоран Заев ги повика сите политички чинители во државата да се вклучат во процесот на помирување, а партиите да се вклучат во коориднативните тела. Според него, потребно е сите да се слушнат меѓу себе за подобро да се разберат.
Заев нагласува дека тоа што се случува во државата нема кој да го среди освен ние самите, без разлика дали тоа се случува на некој фудбалски натпревар или во Собранието и верува дека можеже да успееме.
Откако се помиривме со соседите мораме да се помириме и дома, нагласува премиерот.
Не сум дал налог да се гради среќа на туѓа несреќа. Има природно отворање на нови работни места поради одење во пензија или заминување во странство – рече Заев на обвинувањето за партиски вработувања.
Comments are closed for this post.