Премиерот Зоран Заев по средбата со заменик-претседателот на Парламентот на Полска, Ришард Терлечки истакна дека очекува Македонија во јуни да добие датум за почеток на преговорите за членство.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, констатирано е дека Република Северна Македонија е подготвена да направи напредок и во европските интеграции. Заеднички пак е констатирано дека потребно е да продолжат политиките на проширување на Европската Унија.
Наша аспирација е на Самитот во јуни, во ЕУ, по 14-годишен кандидатски статус да добиеме датум на почеток на преговорите со ЕУ. Се надеваме дека континуираната поддршка на нашата земја, од нашиот голем пријател, Република Полска, ќе се потврди и во јуни, а ние работиме на аргументите да ја заслужиме таа поддршка, рече премиерот Заев.
Comments are closed for this post.