Откако на последната анкета неговото име фигурираше со највисок рејтинг за иден претседател на државата, Зоран Заев не сакаше ниту да потврди ниту да отфрли дали ќе се кандидира за шеф на државата.
Тој во изјава за „Независен весник“ вели дека за престојните избори ќе се носат одлуки по донесувањето на уставните измени.
„Нема да ја отвораме темата, ниту, пак, нешто ќе разговараме за тоа во политичките кругови пред одлуката на парламентот за уставните измени“, вели Заев за „Независен весник“
Comments are closed for this post.