Премиерот Зоран Заев во врска со изнесените ставови на претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче за вакцинирањето на нашите граѓани во Србија, денеска изјави дека за него тоа е слобода, но сепак оцени дека реакцијата на Пендаровски не била соодветна.
-За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето којшто правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично, рече Заев.
Како Влада, рече тој, од самиот старт објаснивме дека слободниот избор на граѓаните е слободен избор дали ќе оди во пријателска соседна земја ќе ја прими вакцината.
– Но државата да учестува во таа работа нема да учествува, па макар и со издавање дозволи за време на полициски час. Не, затоа што државата е во нешто за кое што неможеме да носиме одговорност. Не дај боже нешто да се случи, како тоа ќе преземеме ние одговорност за оваа работа, рече Заев.
Според премиерот, Србија покажала огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме.
-Значи тие ги отворија границите и за граѓаните на Македонија и на други земји да се вакцинираат и тоа е ок. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја солидарност и помагање е за поздравување. Но, истовремено не можеме ние да одиме, не знам цела една служба државна да ја носиме да се вакцинира. Тоа е недозволиво за државата. Ние сме држава. Може секој поединец и вработен во јавната администрација, но поединечо да оди, рече премиерот Заев.
Рече дека тој дал инструкции дека како институции не, но како граѓанин може секој да оди.
-Ние видовме родители на пратеник, родители на политичари, може има и некој политичар што отишол, не го знамее тоа, но тоа индивидуално го направил, не како институција, не како држава, рече Заев.
Второ нешто што е важно, според него, е што сега претседателот и министерот зборувале јавно за нешто за што не се согласувале, што не беше случај во минатото.
-Беше мисловна именка така претседателот и министерот да се искомуницираат кога не се согласуваат за нешто, па и не може за се да се согласуваме. На крајот здраво е да имаме и несогласувања, но тоа не значи дека не се дволно почитуваме, рече Заев.
Comments are closed for this post.