Донесувањето на законот за Јавното обвинителство не треба да се условува со предвремени избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Ние не сме за предвремени избори. Решение треба да се изнајде, но не со предвремени избори. Ќе дадеме шанса на јавното помирување за да можат да работат работните групи, а тоа може да се случи уште оваа недела“, истакна Заев на прес-конференција во Владата.
Би биле лаици и непатриоти, дополни, ако со предвремени избори ги уништиме актуелните економски бројки, потенцираше Заев.
Тој кажа дека ова е период на разговори, оти многу предлози на опозицијата се прифатени од власта и дека во Владата веќе се разгледува предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дојде до решение.
Comments are closed for this post.