Премиерот Зоран Заев на денешната пресконференција рече дека останува на ставот да има редовни избори.

„Предвремени парламентарни избори како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да има. Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички консултации. Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори, ќе ги распишевме заедно со претседателски избори. Редовни избори треба да има во декември 2020, јас немам проблем да бидат закажани во октомври догодина“, рече Заев.

На прашањето од новинарите што доколку не добиеме датум за старт на преговорите со ЕУ во октомври, Заев вели дека тогаш е спремен да преговара за предвремени избори.