Премиерот во заминување не се сеќава кога точно го пријавил случајот „Рекет“. Тој денеска рече дека требало да поголедне во агендата кога тоа се случило.

Дозволете да видам во агендата точно кој беше датумот во колку часот, иако тоа треба да го каже јавното Обвинителство. Но ќе ги дадам точните детали-објасни Заев.

Ова доаѓа откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски јавно побара Заев да каже дали и кога пријавил за овој случај и ако тоа го сторил дали постои јавна белешка.