Премиерот Зоран Заев околу еден час одговараше на прашања од обвинителството на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“, додека од Судот и од обвинетите му поставија само по едно прашање.
На прашање од Судот, дали меѓу разговорите што денеска се објавуваат препознава некои од тие што биле во посед на СДСМ, Заев рече дека не може со сигурност да потврди.
– Не. Не можам да кажам дека ги препознавам затоа што не го разбирам албанскиот јазик и мора да се грижам за безбедност на сите. Затоа сум селектирал само дел од разговорите и сум дал на висок функционер во СДСМ да ги преведе. Тоа што денеска се објавува првпат го разбирам кога ги гледам написите објавени во медиумите, изјави Заев.
Comments are closed for this post.