Верувам дека Европа нема иднина без проширување, без нови земји членки и знам дека тоа го знае ЕУ, а ние треба да продолжиме да ги нудиме своите аргументи, нагласи денеска премиерот Зоран Заев како одговор на изјавата на претседателот на Франција Макрон дека порача дека ќе биде бескомпромисен кон каков било вид проширување на ЕУ пред да се случи длабока реформ внатре во ЕУ.
-Убеден сум дека во октомври ние ќе ја добиеме одлуката за почеток на преговорите. Притоа ЕУ да се реформира, да дебатира, ние ќе преговараме за поглавјата. На крајот дали ќе има проширување на Унијата или не имаме време да видиме барем до 2025 година. Иако дебатата за реформи, за промена, за иднината на ЕУ е отворено прашање за кое дискутираат европската институции, Унијата и земјите членки, тие потврдиле дека можат да ја реформираат ЕУ, а во исто време да ја држат мотивацијата на земјите кандидати во напредување кон зачленување, рече премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.