Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот – Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори.
Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика.
Comments are closed for this post.