Откако денеска вицепремиерот на источниот сосед го навреди Заев дека е Бугарин на кој следниот ден му текнува, со реакција се јави и премиерот.
Заев тврди дека е Македонец кој зборува македонски јазик признат од целиот свет како што Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.
Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.
Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.
Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Доста беше омраза!
Comments are closed for this post.