Премиерот Зоран Заев во интервју за битолската ТВ Тера потврди дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му понудил да влезе во Владата и да го поддржи Договорот од Преспа,  но оти одбил. Посочи дека не му понудил 5 министерства како што рече Мицкоски, бидејќи СДСМ во Владата има 9.

Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам со ВМРО-ДПМНЕ, но тој одби, истакна Заев.

„Јас сум кажал јавно. Му понудив заедничка влада. Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, рече Заев.

Мицковски пак исто така во интервју за Тера откри дека Заев му нудел влез во Владата во замена за поддршка на Преспанскиот договор, но како што рече го  одбил ваквиот предлог со образложение дека честа и достоинството немаат цена.